Зошто физичката активност не’ расположува и ни го подобрува менталното здравје?

Loading...

Една позната изрека вели: Во здраво тело, здрав дух или здрав ум!
Во повеќе наврати се покажало дека народната мудрост или интуиција ретко кога целосно греши, па тоа е случај и со оваа поговорка!
На сите ни е добро познато колку е корисна физичката активност за нашето тело. Но, дали сте знаеле дека редовната активност може да делува изненадувачки позитивно и неа нашето расположение, да го подобри сонот, па дури во голема мера да помогне и во справувањето со стресот, анксиозноста и депресијата?
Физичката активност не го подобрува само физичкото здравје!
Логично е во прв план да ни бидат физичките придобивки од редовното вежбање, како намалувањето на телесната тежина и сите бенефити од овој процес, зголемувањето на мускулната маса, засилувањето на координираноста, појачаниот имунитет, зголеменото либидо, па дури и продолжувањето на животниот век. Но сето ова е далеку од единствената причина која треба да нè мотивира и поттикнува да останеме активни.
Оние што се редовно активни, добро знаат дека вежбањето дава силно чувство на една целокупна добросостојба: поголема енергичност, подобар сон, релаксација, подобра самодоверба или слика за себеси и позитивна мисла во текот на целиот ден.Дополнително на ова, истражувањата и искуствата покажуваат дека редовното вежбање помага и во превнцијата и ,,третманот” на најчестите проблеми со менталното здравје, како стресот, промеливото расположение, анксиозноста, депресијата, па дури и проблемите со меморијата.


,,Количините” не се толку важни, важна е истрајноста!
За среќа, споменатите корисни ефекти можете да ги искусите без да бидете спортист или фанатичен рекреативец! Без разлика на нивото на вашата физичка подготвеност и поминатите километри, и со помалку интензивините, едноставни вежби можете да ги почувствувате бенефитите по менталното здравје. Сличното важи и во однос на физичките придобивки.
Не мора да се измачите за да ги видите резултатите! Доволни се и кратки, но редовни проштки.
Дополнително, постојат научни податоци кои велат дека дури и вежбањето само 2-3 денови неделно, може да биде ефикасно како и секојдневното, доколку на пример во тие денови пешачите колку што би пешачеле низ целата недела. Ова е значајно за луѓето кои се позафатени и не можат секојдневно да одвојуваат време за активност. Но и кај нив постои начин да бидат редовно активни – пешачење или возење велосипед до работното место, качување по скалите наместо одење со лифт – искористување на секоја прилика за раздвижување.
Вежбање како одличен, здрав начин за справување со насобраниот стрес!
Физичката активност е веројатно најдобриот начин за дистракција или избегнување (ослободување на простор) на непријатните ,,стресни циклуси” при кои мозокот е постојано ,,бомбардиран” со негативни мисли, што понатаму водат кон негативни заклучоци и така во круг.
Движењето ги релаксира мускулите, поттикнува излачување ендрофини, ја ослободува тензијата во која се наоѓа целото тело, или едноставно речено – му помага на телото, но и на умот да се чувствува подобро.
Моќен противник на депресијата!
Повеќе истражувања покажуваат дека вежбањето може да помогне во третирањето на умерените облици на депресија со иста ефикасност како и самите антидепресиви! Секако, сето тоа без потенцијалните несакани ефекти на медикаментите.
Како еден пример, една студија од Харвард Универзитетот, вели дека одењето 1 час или трчањето 15 минути дневно, го намалува ризикот од сериозни облици на депресија и до дури една третина.
Вежбањето ни е моќен сојузник во борбата со депресивните нарушувања поради неколку главни причини: намалување на инфламацијата во мозокот, зголемување на невронската мрежа, ослободување на ендрофини и невротрофини и подобро снабдување на мозокот со кислород.
Ендрофините се моќни компоненти (хормони) што предизвикуваат чувство на среќа и задоволство.
На крајот, како што веќе претходно нагласивме, редовната активност е најдобра дистракција од непријатните ,,напади” или ,,циклуси” на стрес – ризик-фактор за низа ментални нарушувања.
Редовната физичка активност исто така е многу корисна и за:
Справување со ADHD (синдром на невнимание и хиперактивност) и PTSD (пострауматско стресно растројство) – ја подобрува мотивацијата, концентрацијата, фокусот, го поттикнува лачењето на допамин, серотонин итн.
Подобра меморија и когнитивни способности – поттикнување на лачење на невротрофини.
Подобра самодоверба и слика за себеси
Подобар сон
Поголемо ниво на енергија

loading...
Loading...