Иако опозицијата се обиде со нов наратив, Туфегџиќ ги столчи: Нотарска изјава правно ништовна 👇

Иако опозицијата се обиде со нов наратив, Туфегџиќ ги столчи: Нотарска изјава правно ништовна.

👇👇👇

…Груевски со меници, Мицкоски со лажни нотарски изјави…

„Не знам кој ве советува во однос на изјавите што ги заверувате на нотар, но знам дека советникот требало да ви каже дека таквите изјави се ништовни од причина што во изјавата е содржано неуставното име на државата и не може да произведе правно дејство ниту спрема државата ниту спрема давателот на изјавата.

Со оглед на содржината на изјавата се поставува прашање за правниот основ за заверка кај надлежен нотар бидејќи дел од содржината е во директна спротивност со Уставот“, напишал Туфегџиќ на фејсбук…

Ливче хартија се претставува како хартија, како понатамошен обид за манипулација на членството на ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека нотарските заведените изјави на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се класична фарса и манипулација на Христијан Мицкоски со членството на партијата, затоа што, според правниците, во нив има низа правни недостатоци, што би значело дека тие се неважечки, незаконски и противуставни, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Тоа, како што нагласи, ја покажува очајната манипулација „исто како и со маиците кои ги носеа и на кои пишува НЕ, а ги повикуваа граѓаните на протест и го делеа народот, но во Собранието не се изјаснија ниту ЗА, ниту НЕ.

Но, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, рече Кузеска, Груевски со меници, Мицкоски со лажни нотарски изјави.

„Собранието донесе државничка одлука со која реализираме уште една стратешка цел – преговори за членство во ЕУ како Македонци со чиста формулација на македонскиот јазик и со билатерални прашања надвор од процесот на преговори“, рече портпаролката.

На прес-конференцијата Кузеска рече дека веќе во вторник земјава го започнува дијалогот со ЕУ и ќе ја има првата меѓувладина конференција во Брисел.

„Како одговорна, државотворна партија СДСМ покажа дека е возможно да се најде решение за сите отворени прашања, дека може да се продолжи интеграцијата во ЕУ а при тоа македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност да бидат заштитени и признаени од целиот свет.

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните во интерес на државата и нејзините стратешки определби“, рече портпаролката Богданка Кузеска.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.