Иванов е во пакт со Мицковски. Имаат и човек за врска. Вчера Мицковски го привилегирал како член на негов кабинет

Извори од Собранието на Република Македонија потврдуваат дека Христијан Мицкоски вчера присуствувал на пленарната седница на Собранието за време на говорот на претседателот Ѓорге Иванов. Тој во Собранието бил присутен со другите вработени од кабинетот на Иванов веројатно како дел од неговиот кабинет…
Пред некое време Иванов потврди дека и членови на неговиот кабинет биле во штабот на ДПМНЕ на 27 април минатата година. Многумина аналитичари сметаат дека токму тука се крие главниот проблем на Мицковски со странците кои во последно време целосно го изолираа. Имено, некои „руски“ разузнавачки врски се споменуваат со години наназад поврзано со Водно. Истовремено се сеќавате дека и човек од кабинетот на Иванов беше поврзуван со српски разузнавачи кои влегоа на 27 април во Собранието. Таа работа е доста измешана…
Се досега за ова не се зборува многу во јавноста. Но, упатените знаат дека ова му е сериозен проблем на Мицковски. Аматерското однесување и прифаќање да се биде во Собрание дента (по секоја цена) како дел од кабинет секако не му личи на претседател на голема опозициска партија (која за воља на вистината е доста потрошена и компромитирана, како што е компромитиран и изборот во Валандово)…
Но за тоа во друга прилика.