Ивица Дачиќ со детали за смртта на Шабан Шаулиќ:

Loading...

Излегол од автомобилот, се жалел дека нешто го гуши – лекарите му дале нешто, заспал и веќе не се пробудил!

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ кој со кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ бил добар пријател многу тешко ја поднел веста за неговата смрт.
Откако синот на Шаулиќ го известил за трагичниот настан и го замолил за пренесување на посмртните останки на неговиот татко Дачиќ изјавил дека пејачот од автомобилот излегол сам и дека сите детали за смртта мораат дополнително да се испитуваат.


“Шабан излегол од автомобилот, но му било толку лошо што едноставно морале да направат некоја интервенција и да го однесат во болница. Лошо се чувствувал, но бил свесен. Тој излегол без траги на повреда. Се жалел дека има проблеми со грлото, градите, дека нешто го гуши. Повикале хеликоптер и му дале некои средства за спиење, по што тој веќе не се пробудил. Во болницата се обиделе да го реанимираат, го отвориле и констатирале дека настанале комликации со аортата. Обвинителот сега бара обдукција за да се види од што починал, рекол министерот Дачиќ во “Ќирилица“

 

loading...