Играл 85 минути- прогласен за играч на месецот во Англија

Loading...

Менаџерот и напаѓачот на Рединг, Брајан Мек Дермот и Адам Ле Фондр, се прогласени за најдобри во Премиер лигата за јануари.

Според Премиер лигата, менаџерот Мек Дермот признанието го заслужил, откако изминатиот месец со Рединг од можните 12 освои седум бодови. Ле Фондр, во јануари, постигна пет погодоци за својот тим, од кои по два во пресврт победата над Њукасл со 2.1 и ремито со Челзи 2:2. Интересно, 26-годишниот Ле Фондр го заслужи признанието иако на ниту натпревар не започнал во стартниот состав, а вкупно на четирите натпревари во јануари одиграл 85 минути. Ле Фондр е првиот играч во историјата на екипата од „Мадејски“ стадионот кој го добива признанието, играч на месецот. 
Makфакс
Менаџерот и напаѓачот на Рединг, Брајан Мек Дермот и Адам Ле Фондр, се прогласени за најдобри

loading...
Loading...