Идеален луксузен одмор во Индија

Луксузно патување, специјално дизајнирано од страна на компанијата Remote Lands за нивните клиенти од светот на џет сетот е посветено за истражување на неверојатната Индија.
Планот за патување им овозможува да ја истражат престолнината на Индија, Делхи, поранешниот главен град Хинудстан, Варнаси кој е најсветиот од 7 свети хинду градови и еден од најстарите населени градови на светот кој се наоѓа на крајбрежјето Ганга, Рантамбор паркот и поранешното ловиште Махарахас оф Јапур, градот на езерата, Удаипур и Јапур, исто така познат како Pink City или Индискиот Париз.
Поради луксузниот дизајн на самото патување, одморот започнува во Делхи, па со хеликоптер се лета до Агра која може да понуди уживање во единствениот поглед на класичниот симбол на вистинска љубов, исклучителен и безвременски мавзолеј од бел мермер Таџ Махал, а ќе се преноќува во неверојатниот хотел Оберои Амарвилас.

 
Патувањето продолжува со Falcon 2000, Gulfstream 200 или Hawker 800KSP кои нудат поглед кон реката Ганг со престој во воодушевувачката луксузна палата Таџ Надесар.
После истражувањето на Варанси, се слетува на југ, за возбудливо сафари во Рантамбор паркот, а се престојува во Аман и Касу. Потоа, се прави круг со хеликоптерот до градот Удаипур, со престој и уживање во луксузните реномирани Оберои Удаи вили, кои се наоѓаат на прекрасното езеро Пикола. После тоа се напушта Јодпур и се преноќува во Таџ Умаид Баван палатата.
Продолжението на патувањето се состои од престој во Јаипур, каде што мора да направите шопинг, а потоа можете да ги посетите палатите, музеите и тврдините.
Авантурата се завршува со престојот во скриеното одморалиште Аманбаг, кое се наоѓа во рурална градба Алар која е посетена од само неколку странци.