Идеја за брз ручек: Похувани тортиљи со пилешко и спанаќ

Loading...

Предлог за ручек за сите љубители на мексиканската кујна.
Потребни состојки:
4 тортиљи
200 г пилешко филе
200 г спанаќ
2 чешниња лук
Кумин
Чили
Сол и бибер
2 јајца
Начин на подготовка:
Сварете го спанаќот во солена вода и исцедете го. Исечкајте го пилешкото на коцки и пропржете го на малку масло, додајте сечкан лук, кумин, чини и зачинете, а на крајот додајте и спанаќ.
Извалкајте ги тортиљите во изматени јајца и пропржете ги на тава со малку масло од двете страни.
Наполнете ги тортиљите со сос од пилешко и спанаќ и послужете ги топли.

loading...
Loading...