Идеја за здрав појадок: Интегрални банана мафини

Loading...

Овој рецепт е лесен и брз за подготовка на сочни мафини во чиј вкус ќе ужива целото семејство.
Потребни состојки:
-200 г интегрално брашно
-60 г овесни снегулки
-2 поголеми банани
-100 г бадеми, лешници и ореви
-170 мл млеко
-120 мл масло
-1 лажица мед
-1 лажица прашок за пециво
-1 лажичка цимет
-прстофат сол
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во еден сад измешајте ги брашното, овесните снегулки, прашокот за пециво, циметот и солта. Во друг сад изматете ги јајцата со медот, млекото и маслото.
Бананите изгмечете ги со виљушка и додадете ги во смесата од јајца и млеко. Сето тоа добро измешајте го, па додадете ја смесата од брашно.
На крајот додадете ги исецканите бадеми, ореви и лешници. Смесата ставете ја во калапи за мафини, а по желба на врвот посипете и малку од сецканите лешници, бадеми и ореви.
Печете околу 25 минути, па проверете дали се готови.
Откако ќе се испечат извадете ги од рерна и оставете ги малку да се оладат, па послужете.

loading...