Идеја за појадок: Брзи штрудли со џем

Loading...

Потребни состојки:
200 гр путер/маргарин
150 мл јогурт/кисело млеко
100-150 гр шеќер
Околу 500 гр брашно
5 гр печиво
Џем

 

View this post on Instagram

 

Брзи штрудли со џем🥰 Периодов ми е баш за топли вкусни пецива, посебно со домашен џем, јаболчиња или тиква. Очекувајте рецепти за многу вакви есенски и зимски колачиња, а ова верувам ќе ви се допадне на сите. Многу едноставна постапка, измешајте го путерот на собна температура со јогуртот и додадете ги останатите состојки. Замесете средно меко тесто. Значи не премногу меко. Може и да го оставите во фрижидер малку да се стегне за по лесна работа, а може и веднаш да го исукате во кора. Поделете го тестото на делови и од секој дел исукајте правоаголни кори. Исечете ги на ленти околу 10-12 цм широки. На средина ставете фил по желба, џем или овошје. Преклопете од двете страни и убаво залепете ги двата дела. Исечете на парчиња отприлика 5-6 цм должина и редете ги на плех со споените делови долу(како на сликите). Печете ги во загреана рерна на 200 С околу 15-20 минути. Оставете ги убаво да се изладат п може да им наросите шеќер во прав. Одлични за десертче или ужинка, со чајче или кафе🥰• #instafood #foodlovers #foodporn #foodblogger #cooking #goodfoodgoodmood #tasty #delicious #food #madewithlove #homemade #homecook #macedonia #фотонаденот #инстамакедонија #готвисољубов #споделирецепт #macedonianfoodbloggers #мкфудблогери #love

A post shared by martinascooking (@martinascookingg) on


Начин на подготовка:
Многу едноставна постапка, измешајте го путерот на собна температура со јогуртот и додадете ги останатите состојки. Замесете средно меко тесто. Може и да го оставите во фрижидер малку да се стегне за полесна работа, а може и веднаш да го исукате во кора. Поделете го тестото на делови и од секој дел исукајте правоаголни кори. Исечете ги на ленти околу 10-12 цм широки. На средина ставете фил по желба, џем или овошје. Преклопете од двете страни и убаво залепете ги двата дела. Исечете на парчиња (5-6 цм долги) и редете ги на плех со споените делови долу. Печете ги на 200 степени околу 15-20 минути. Оставете ги убаво да се изладат, па може да им наросите шеќер во прав. Одлични се и за ужинка или десерт.

loading...
Loading...