Избелените веѓи сè уште се во тренд: Ирина Шајк го привлекува вниманието со промената на имиџот на настан во Прага (фото)

Ирина Шајк имаше уште едно смело појавување за лансирањето на календарот на Пирели за 2026 година во Прага, а откако првично се шеташе во градник, потоа се појави со избелени веѓи и впечатливи смарагдни обетки во форма на солза.

Таа носеше црн фустан на едно рамо со ролка и шапка што ја покриваше главата. Необичната креација имаше проѕирни делови, кои откриваа црна долна облека.

Покрај тоа, сите ги забележаа нејзините огромни висечки смарагдни обетки, а таа привлече внимание и со избелените веѓи, кои се чини дека се уште се во тренд.

Покрај избелените веѓи, таа имаше и нагласена шминка – истакнат ајлајнер и усни во бордо нијанса.

Рускиот модел за прв пат се појави во легендарниот календар на Пирели.

Календарот е фотографиран од норвешката фотографка Солве Сундсбо, а неговото 52-ро издание ги слави природните елементи – земја, оган, вода и воздух.

Во едно интервју, Шајк изјави дека сонувала да фотографира за календарот на Пирели, нарекувајќи го тоа уметничко достигнување.

Претходно, за дружење со медиумите пред презентацијата на календарот, таа избра уште едно впечатливо издание – носеше комплет бел градник со корпички во форма на школки и длабоки гаќички што штрчат над црните панталони.
The post Избелените веѓи сè уште се во тренд: Ирина Шајк го привлекува вниманието со промената на имиџот на настан во Прага (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: