Изборите во Кенија започнаа со насилства

Loading...

Кенија, најбогата и до минатите избори во 2007 година најстабилната земја во немирната источна Африка во понеделник го избира претседателот на државата, пратеници во двата дома на парламентот, покраински совети и гувернери, а неколку часови пред отворањето на избирачките места убиени се четири полицајци што предизвикува стравувања дека изборите повторно може да монат во насилство.

 
Неколку часа пред отворањето на избирачките места во шест часот наутро по локално време, убиени се четири полицајци во Момбаса. Сторители се припадници на банда кои биле вооружени со мачети. Полицијата во Момбаса, вториот според големината град во Кенија, се сомнева дека напаѓачите се припадници на сепаратистичкото движење Републикански совет на Момбаса, коешто бара независност на источна Кенија.
Кениските функционери и кандидати последните денови повикуваа на избегнување на насилството коешто ги одбележа предвремените избори во 2007 година со дури 1.200 загинати и го уништи имиџот на Кенија како една од најстабилните африкански демократии.
Меѓу осумте претседателски кандидати изедначени се во анкетите 68-годишниот Раила Одинга, и неговиот главен противник 51-годишниот Ухуру Кенијата, кој во април годинава пред Меѓународниот кривичен суд (ICC) мора да одговара по обвиненијата дека го поттикнувал насилството по минатите избори.
Половина век наназад беспоштедна политичка битка водеа нивните татковци, Џомо Кенијата и неговиот противник Џаромоги Огонга Одинга. Тие беа соработници на патот на независноста на земјата и многу брзо се најдоа на различни страни Сојузникот на Западот, Кенијата, стана претседател, А Огинга Одинга, кој беше наклонет кон тогашниот Советски сојуз, остана без функција во домашен притвор и до крајот на животот му беше забрането политичко натпреварување на избори.
Неговиот син Риала Одинга се кандидира по третпат за претседател на Кенија, земјата којашто пред пет години го шокираше светот кога претседателските избори завршија со крвави судири. Приврзаниците на Одигна го оспорија тогаш реизборот на претседателот М'ваиџа Кибаки и излегоа на улиците, а судирот га обнови стравувањата од повторувањето на меѓуетничките судири од 1963 година.
Кенијата, кого го поддржува Кибаки кој веќе не смее да се кандидира, е богат наследник на неговиот татко, првиот претседател на Кенија. Припадник е етничката група Кикују, најголемата во Кенија.
Одинга потекнува од заедница Луо, којашто традиционално е исклучена од одлучувањата. Неговите избирачи доаѓаат главно од сиромашните региони.
Кенијата треба да се појави кон средината на април пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, токму во времето кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори, доколку во првиот ниеден од кандидати не го освои потребното мнозинство веднаш да победи.
Кенијците добиваат на овие избори шест избирачки ливчиња. Освен за претседател, ќе гласаат и за пратениците во долниот дом во кој има 350 мандати, како и за сенатот во кој има 68 пратеници. Ќе се бира и посен женска група од парламентарни пратеници. Исто така, ќе се избираат и гувернери на покраините и покрианските парламенти.
Соседите на Кенија со голема нервоза ги очекуваат резултатите од изборите. Бидејќи затворањето ан трговските патишта поради насилството пред пет години силно им наштети на нивните економии. Овојпат превентивно ги зголемија своите резерви од стратешките производи.
Кенија е земја со 41 милионско население и минатогодишна стапка на раст од 4,5 отсто, стратешки сојузник на САД и западните земји во борбата против милитантните исламисти во источна Африка, па со самото тоа на овие подрачја резултатите од изборите со нестрпливост и стравување се очекуваат.
Безбедносните мерки се зајакната на избирачките места, а за намалената можност за појава на насилство би требало да помогне и новиот устав кој е усвоен по минатите избори.
Макфакс
Кенија, најбогата и до минатите избори во 2007 година најстабилната земја во немирната источна

loading...