Изградбата на антиметеорски штит би ја чинело Русија две милијарди долари

Loading...

Две милијарди долари и се потребни на Русија за изградба на систем за одбрана од метеори, изјави во понеделник Лидија Рихлова, шефица на одделението на Астрономскиот институт на Руската академија на науките.„Покрај мрежата телескопи на Земјата, потребна ни е платформа и во вселената. За сето тоа ни требаат 58 милијарди рубљи(околу две милијарди долари) во следните десет години“, рече Рихлова.Рускиот нацрт-план за правење антиметеорски штит го одобри руската вселенска агенција Роскосмос, а бил доставен и до вицепремиерот Дмитриј Рогозин.Овој план доби на важност откако метеор во петокот експлодираше над регионот на Урал, при што беа повредени околу 1.200 луѓе.„Доколку метеорот не експлодираше во атмосферата, туку да паднеше на тлото, силата на експлозијата би можела да биде еднаква на експлозија од 500 килотони ТНТ“, рече Рихлова.Научниците пронајдоа делови од метеорот што се распадна на седум поголеми парчиња, од кои еден падна во езерото Чербакул.
МакфаксДве милијарди долари и се потребни на Русија за изградба на систем за одбрана од метеори, изјави во понеделник Л

loading...