Издадени првите изводи за родени со коси црти (///////////) наместо македонско државјанство

Loading...

Во изводите од матичните книги за родени кои ги добиваат граѓаните деновиве не го пишува државјанството, пишува Плусинфо.
Во графата за државјанство, наместо тоа да биде наведено, има коси црти, што може да се види и од фотографијата во прилог направена од извод издаден денеска.
Од порталот се обиделе да добијат одговори од надлежните. До Управата за водење на матичните книги прашале од кога графата за државјанство се пополнува со коси црти и зошто; кога ќе почне да се пополнува и што ќе пишува во неа? Но, до моментот на објавување на овој текст не добиле официјален одговор.


Инаку, државјанството беше предмет на спогодба во договорот со Грција, каде се споменува како ќе биде дефинирано тоа во патните исправи.
-Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор.

loading...
Loading...