Изложба – инсталација на групата „Моми”

Loading...

Изложбата на групата „Моми” ќе биде отворена во четврток, во 20 часот, во големиот салон на Галерија “КО-РА” во Дом на култура “Коцо Рацин” – Скопје .

Со дела во повеќе ликовни техники и просторна интервенција-ликовна инсталација ќе се претстават уметниците од помладата генерација академски сликари, активно присутни на современата ликовна сцена во земјата и надвор:Христина Зафировска, Ана Ивановска, Кристина Хадзиева, Зорица Зафировска,Маја Кировска, Марија Сотировска, Татјана Ристовска.
 Со употреба на најнеочекувани неконвенционални материјали делата на актерите – учесници во изложбената постановка како самопоникнати и тукусоздадени изненадуваат со својата автентично и звучно изнајдена форма, како експлицитни интерпункти во непосредната комуникација која мигновено ја создаваат со сета сугестибилност која потекнува од секој фрагмент одделно кој воедно комуницира како интерактивен сегмент на целината.
Макфакс
Изложбата на групата „Моми” ќе биде отворена во четврток, во 20 часот, во големиот салон на Галерија “КО-РА” во

loading...