Измени на правилата за паркирање во Сити Мол

Loading...

Деновиве најголемиот шопинг центар во Скопје, Сити Мол ќе воведе нови правила за паркирање. Имено, наместо досегашниот еден час бесплатен паркинг, сега бесплатни ќе бидат само првите триесет минути, а за првите четири часа ќе треба да платите 40 денари. По истекување на првите четири часа, секој нареден час ќе се наплаќа по 40 денари.
Паркингот останува бесплатен за лицата со инвалидност, со приложување на инвалидската книшка при влез и излез од Трговскиот центар на лицата од обезбедување.
Со секое миење на вашиот автомобил во City Wash добивате 1 час гратис од Skopje City Mall и 1 час гратис од City Wash. Поништување на билетот се врши на касата на City Wash. Со секоја сметка од маркетот Ramstore со вредност поголема од 300 денари се добива 1 час бесплатен паркинг и добивате 1 час гратис од Skopje City Mall

 

loading...