Изминатата седмица од грип заболени 202 пациенти

Loading...

Во извештајот на својата веб страница Институтот за јавно здравје објави дека изминатата седмица, заклучно со 15 април во државава се регистрирани 202 заболени од грип, што е за 28,6 насто помалку во споредба со претходната седмица кога беа регистрирани 283 заболени. Изминатата седмица не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип, но бројот на пријавени лица е поголем за 47,4 насто во споредба со истиот период минатата сезона.
Оваа седмица во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 17 материјали за тестирање на грип, од кои два (11,8 насто) позитивни за присуство на вирусот на грип A (H3). Изминатата седмица најголем број заболени лица (141) се пријавени во најголемата возрасна група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 13,8 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до 4 години. Пријавени се заболени лица од 18 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (39), а највисока инциденца од 38,4 на 100.000 е регистрирана на територијата на Подрачната единица Неготино.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 21.142, а регистрирани се 28 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од 5 до 86 години.

 

loading...