Израелска компанија произведе дрон-камиказа

Компанијата „Израел аероспејс индурстиз“ претстави модел дрон-камиказа „Мини Харпи“, кој е предвиден за борба против непријателска техника.
Во промотивната снимка дронот уништува мобилен радар, што го користат руските противвоздушни ракетни системи С-300 и С-400.


„Мини Харпи“ вооружен е тежок 45 килограми, а боевата глава што ја носи е тешка осум килограми. Дронот може да лета до два часа и одржува врска со операторот на оддалеченост до 100 километри.
Израелската компанија го рекламира и својот систем за противвоздушна одбрана МРСАМ, а на видео снимката се гледа како уништува два руски хеликоптера Ка-50.