Изречени пресудите за крвавите настани на 27 април

Судијката Добрила Кацарска ги изрече пресудите за крвавите настани на 27 април поради „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Вкупно 211 години робија за сите осудени.
Митко Чавков доби 18 години затвор, 15 години затвор добија Душко Лазаров, Митко Пешов, Горан Ѓошевски Леви, Мунир Пепиќ, Никола Митревски-Кољо, Јане Ченто и Влатко Трајковски, додека 14 години Вилијам Михајловски, 13 години Оливер Поповски, 12 години Игор Југ, Младен Додевски и Горанче Ангеловски Ќосето, а 10 години затвор Оливер Радуло. Под 10 години добија Александар Василевски-Нинџа кој е осуден на осум години, а на седум години е осуден Абдуљфета Алими.
Од издржување казна затвор е ослободен само Игор Дурловски.