Икона на Свети Архангел Михаил во манастир во Хрватска – плаче

Loading...
Чудо во манастир:  Плаче икона на свети Архангел Михаил (ФОТО) Во православниот манастир Крка, недалеку од Кистанија во Хрватска, иконата на Свети Архангел Михаил веќе со денови “плаче“ и никого не остави рамнодушен.
Владиката Никодим за време на литургија соопштил дека иконата мироточи.
-Пред неколку дена во манастирот Крка проплака икона на Архангел Михаил која стои на самиот влез на црквата, потврдил владиката.
-Вакви работи не се случуваат случајно. Оние кои не веруваат може да го негираат тоа, но оние кои веруваат знаат дека ова не е случајност и дека нешто следи или можеби е опомена за нешто што правиме- рекол еден од локалните жители.
За овој несекојдневен настан е известен и патријархот Иринеј, кој вели дека ова што се случува е вистинско чудо.
loading...