Илмаз: Косово треба да има своја армија

Loading...

Косово треба да има сопствена армија, изјави турскиот министер за одбрана Исмет Илмаз за време на средбата со министерот на Косовските сили за безбедност, Агим Чеку при неговата посета на Приштина, пренесува во неделата KS Reporter.
Турскиот министер за одбрана Исмет Илмаз ја изразил подготвеноста на Анкара да ги поддржи Косовските сили за безбедност во справувањето со предизвиците пред кои се исправени, и за нивно реформирање во вистинска војска.
„Косово е независна држава и затоа треба да ги има сите институционални можности, како што ги имаат сите независни држави“, нагласил Илмаз.
Чеку од своја страна потенцирал дека министерството за Косовските сили за безбедност секоја година добива финансиска помош за купување оружје од Турција.
Претходно во саботата, приштинскиот дневен весник Koha Ditore, повикувајќи се на неименуван функционер на НАТО, пишуваше дека Алијансата не е согласна Косово да добие своја војска. 
И покрај најавите на Приштина дека оваа година има намера да ги трансформираа Косовски сили за безбедност во Војска на Косово, надлежни во НАТО рекле дека тоа не е возможно.
„Косово може да одлучи Безбедносните сили на Косово (БСК) да ги трансформира во војска на Косово, но таков чекор не би му се допаднал на НАТО. Идниот статус на БСК е нејасен и останува тема на расправа внатре во НАТО”, рекол неименуваниот извор.
Четири од 27-те земји членки на НАТО кои не го признаваат Косово како независна држава, Грција, Шпанија, Романија и Словачка, не сакаат Косово да добие своја војска.
МакфаксКосово треба да има сопствена армија, изјави турскиот министер за одбрана Исмет Илмаз за време на средбата со министер

loading...