Имала ли кандидатката Гордана Силјановска Давкова фришоп во време на транзицијата кога 300.000 луѓе останаа на улица?

Се разбира дека ДА. Тоа го потврдуваат стенограмите на Собранието на Република Македонија. Во прилог документи од таа трауматична транзиција во која 300.000 Македонци останаа на улуца!
СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ ОД СЕДУМДЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОДРЖАНА НА 14 ЈУЛИ 1994 ГОДИНА
АЛЕКСАНДАР ФЛОРОВСКИ: Гордана Силјановска – Дафкова, преку нејзината функција нејзиниот сопруг се обезбеди со фри-шоп од кој сигурен сум дека дебело профитира, што е нормално, добро работат фри шоповите.
СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ ОД СЕДУМДЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОДРЖАНА НА 8 АПРИЛ 1994 ГОДИНА
МИХАИЛ ПАНОВСКИ:
Втора точка што предлагам да биде ставена на дневен ред е Владата да ни достави Информација околу злоупотребите на јавната функција ШТО ја вршат министрите во Владата конкретно прираспределбата на локациите за Фришоповите во РМ, бидејќи во јавноста веќе беше кажано дека одредени високи функционери во Владата конкретно министри, министерот Фрчковски, неговиот брат, сопругот на министерката Гордана Силјановска, сопругот на високиот функционер на власта во Владата Ленче Софрониевска, ја злоупотребиле својата висока државна функција и успеале на еден начин да ја материјализираат, што за мене е неспоиво во државите со развиен парламентаризам.

Loading...