Имал 317 килограми и животот му висел на конец: Нема да верувате каква трансформација доживеа овој човек

Loading...

Сал Парадисо (39) од Флорида тежел 317 килограми, но откако решил да ги промени навиките во исхраната, изгубил 219 килограми и ја постигнал посакуваната тежина.
До 31 година, тој бил толку тежок што едвај можел да се движи откако се „навлекол“ на брза храна, а лекарите го предупредувале дека тешко ќе доживее и 40 години.
Цврстото предупредување служело како ефикасно будење и Сал изгубил 127 килограми благодарение на диетата и вежбањето. По баријатричката операција, тој успеал да ја намали тежината за дополнителни 88 килограми.
По операцијата за отстранување на кожа, Сал сега тежи 102 килограми.


-Кога бев најголем, седев дома цел ден и не можев да правам физички активности. Почнав да имам здравствени проблеми и бев затвореник во сопственото тело. Тежев нешто повеќе од 317 килограми и знаев дека ако сакам да живеам повеќе од 40 години, морав да го променам мојот животен стил. Исхраната ми беше ужасна, јадев работи како хамбургер со помфрит и сок за секој оброк и сфатив дека понекогаш јадев повеќе од осум илјади калории дневно. Беше навистина лошо – рече тој.
Растејќи, Сал бил полничко дете и почнал да добива на тежина во своите дваесетти години, благодарение на неговата љубов кон висококалоричната храна и огромните порции.
Наместо да јаде цел ден, јадел огромни порции за секој оброк и се трупал со храна. Тој внесувал меѓу пет и десет илјади калории на ден, а дури и не вежбал.


-Би го прескокнал појадокот, но ручекот секогаш беше обемен. Тоа беше брза храна, нешто како Биг Мек, чизбургер, тестенини, стекови и пилешко, а потоа би имал нешто слично за вечера. Знаев дека јадев многу, но едноставно го игнорирав тоа долго време, рече Сал.
Смртта на неговиот татко, Бијаги Парадизио, на возраст од 42 години од срцев удар во 1998 година, кога Сал имал 17 години и тежел околу 158 килограми, скоро го натерало Сал да изгуби на тежина од страв дека неговата тежина може да го доведе до слична судбина.

loading...