Има многу БАКТЕРИИ: Што НИКОГАШ не треба да нарачате во кафуле?

Доволно е да го набљудувате оној кој ви го подготвува пијалокот
Хигиената во кафулињата понекогаш може да биде сомнителна.
Со исклучок на рестораните на кои не им се посветува посебно внимание, во повеќето случаи персоналот навистина се труди се да држи на адекватно ниво.
Сепак, на некои појаи, тие не можат да влијаат.
Едно истражување покажа дека пијалоците кои луѓето особено сакаат да ги консумираат во лето и кои всушност ги сметаат за многу здрави, претставуваат опасност за нив.
Тоа е чаша вода или газиран сок со парче лимон. Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека дури 70 отсто од нив се заразени со бактерии. Така, од 76 парчиња, дури 53 биле заразени.
Јасно е дека ова не било толку сеопфатно истражување, но ако обрнете внимание на тоа како се третира овој лимон, можеби ќе сфатите за што се работи. Парчето лимон што го добивате во чашата е веќе однапред исечено.
Освен тоа, лимоните се чуваат во пластични садови, на собна температура, што е идеална средина за бактерии.
Дополнително, доколку консумирате алкохол, можете да бидете спокојни, бидејќи одамна е познато дека алкохолот делува како средство за дезинфекција.

Пронајдете не на следниве мрежи: