Има родено повеќе деца отколку што има години

Loading...

Во централна Уганда, во селото Кабимбири живее Марјам Набатанзи, 39 годишна жена која можеби го држи светскиот рекорд за најмногу деца, бидејќи досега родила дури 44, од кои 38 се живи.Првите четири бремености и биле близнаци, потоа имала три бремености каде родила петорки, а потоа три бремености со тројки. После тоа уште еднаш имала близнаци, а сите останати биле со по едно дете.
Сите деца и се на старост помеѓу пет месеци и 23 години и сите ги родила по природен пат. Првата бременост ја имала веднаш откако се омажила на само 13 години со човек кој тогаш имал 43 години, а како што сама признала децата ги раѓала на секои една и пол година.
Како што таа вели, рано се омажила затоа што мајка и рано починала, па како девојче останала сама со татко и, кој ја омажил за првиот кој го нашол.
Марјам сите свои деца ги зачнала со истиот маж, својот сопруг, кој после последното пораѓање изчезнал и ја оставил сама да се грижи за децата. Претходно со години ја малтретирал, тепал и земал се што имале во куќата, додека за многучленото семејство не допринесувал ништо.
 
 

Иако неколку пати пробувала да искористи контрацептивни средства, се било залудно и секогаш повторно забременувала и тоа се поради ретко хормонско пореметување кое го има, а кое се вика хиперовулација, со кое кога и да забремени главно раѓала повеќе деца наеднаш.
Марјам сега е сама со своите деца, сама ја подигнала куќата и ја опремила, а како што вели не сака повеќе да прости, туку вредно работи и учи разни занаети, како би можела на децата да им обезбеди школување, облека и храна.Првите четири бремености и биле близнаци, потоа имала три бремености каде родила петорки, а потоа три бремености со тројки. После тоа уште ед

loading...