Има шест месеци и обожава скијање на вода

Loading...

Малечкиот Рич Хамфрис и вистински рекордер, на шест месеци е снимен како скија на вода по езерото Повел во американската држава Јута. Во тој момент имал само 6 месеци и 4 дена, со што го урна претходниот рекорд.
Со нозете поставени на дрвена штица малечкиот цврсто се држи за металната шипка додека со глисер го влечат по езерото. Неговиот татко Кејси е во вториот глисер, веднаш покрај синот, за да може да реагира во случај на незгода.
Видеото го објави мама Минди, објаснувајќи дека на шест месеци Рич скија на вода.
Станува збор за светски рекорд за најмлад скијач на вода, рекорд кој претходно го држеше Зајла Сент Онџ која во 2016 година сурфаше на езерото Силвер во Флорида и имаше 6 месеци и 27 дена.

 

View this post on Instagram

 

I went water skiing for my 6 month birthday. Apparently that’s a big deal… #worldrecord

A post shared by Rich Casey Humpherys (@richcaseyhumpherys) on

loading...