Има 20 години, а тело на мало дете

Loading...

Брук Гринберг од Мериленд изгледа како бебе, а всушност има 20 години. И покрај тоа што има 20 години, Брук Гринберг останала физички и психички слична на мало дете, чија ментална старост се проценува на девет месеци до година дена.
Брук не е во состојба да зборува, се уште има млечни заби и се уште се вози во количка за бебиња. Веќе 15 години е иста големина и има потреба од деноноќна грижа, но лекарите не успеале да објаснат зошто е тоа така. Се храни преку цевка која и е вметната во стомакот, бидејќи желудникот и е премногу мал.
Нејзиниот татко, Хауард Гринберг вели: „Од својата прва до својата четврта година Брук се менуваше. Малку порасна, но потоа престана да расте“.
Ја прегледале некои од напризнаените медицински установи во САД, но, поради тоа што не и е воспоставена никаква формална дијагноза, докторите биле приморани нејзината состојба да ја означат како „синдром икс“.
Д-р Ерик Шат, директор на Институтот за геноми во Њујорк, објаснува дека: „нема видливи аномалии во ендокриниот систем, нема големи аномалии во хромозомите, ниту било какво друго пореметување, кое би можело кај луѓето да предизвика пречка во развојот“.
Научниците веруваат, дека нејзиниот генетски код може да и даде нов увид во процесот на стареење и да доведе до нов начин на лечење на болестите поврзани со старост, како на пример, Паркинсовата болест. Анализите покажале дека кај Брук, родена 1993 година, дошло до генетска мутација. Д-р Шат моментално работи на секвенцирање на геномот на Брук, кој се состои од два долги ланци од букви, еден од мајката и еден од таткото. Секој ланец содржи три милијарди букви, а промени во само една од буквите може да доведе до озбилни промени во развојот, физичкиот изглед или ризик од некои болести.
Во првите 6 години, Брук боледувала од разни заболувања од кои, за чудо се опоравувала без никакво објаснување. Брук преживеала операција на седум перфорирани чирови во стомакот, како и прекин на мозокот како последица на мозочен удар, кој неколку недели подоцна не оставил никакви траги. Во 4 та година паднала во кома и спиела 14 дена. Лекарите изјавиле дека станува збор за тумор на мозокот, кој изчезнал кога се разбудила.
Д-р Шат се надева дека ќе открие која аномалија во гените е причина за оваа состојба и дали со манипулација на гените може да се продолжи животниот век, за да се намали пречката во стареењето.Брук Гринберг од Мериленд изгледа како бебе, а всушнос

loading...
Loading...