Има 24 години и е третиот најмлад милијардер на светот

Loading...

Животот на богатите деца низ светот отсекогаш бил интересен за јавноста. Но кога си многу млад и богат или мора да бидеш супер гениј за на стекнеш големо богатство или да си го добил како наследство. Најчесто случај е второто.


Неговото име е Густав Магнар Вико, а неговото богатство се проценува на 1,9 милијарди долари.
Сите сонуваме дека во еден момент од нашите животи ќе станеме доволно богати и со тоа ќе ги оствариме сите наши соништа. Секако, никој не очекува тоа да се оствари во раната фаза од животот, меѓутоа постојат личности кои станале милијардери пред да станат полнолетни. Таков пример е и Густав Магнар кој е третиот најмлад милијардер на светот и кој може да се пофали со огромно богатство. Ова младо момче има 24 години и поседува богатство од речиси две милијарди долари, што е навистина вртоглава сума. Роден е во Норвешка и таму живее. Неговиот татко му оставил половина од фабриката која се занимава со обработка на риби и конзервирање, а тој преку неа успеал да направи неверојатни пари за само неколку години. Густав сака да троши и ужива во раскошниот живот, а неговиот Инстаграм профил служи како сведоштво за тоа. Тој на социјалната мрежа обожува да поставува фотографии и видеа од своите авантури и од своите скапоцени играчки, нешто слично како Ден Билзеријан и Кендимен.

loading...