Им текна на Грците – Илинденска Македонија значи држава која го сака Солун за главен град

Loading...

Лидерот на Нова Демократија Киријакос Мицотакис го информирал грчкиот премиер Алексис Ципрас дека предлогот на Зоран Заев „Илинденска Македонија“ е неприфатлив и неодговорен предлог. „Ова име историски е директно поврзано со аспирацијата за формирање на ‘Македонска нација’ и држава која го гледа Солун како главен град, а територијата и се протега до Егејското море. Секоја поврзаност со Илинден во името на соседната земја, не само што не става крај на иредентизмот на Скопје, туку го потврдува и го засилува. Затоа е неприфатлив овој предлог дури ниту за дебата“, рекол Мицотакис, пренесува грчка Елефтеротипија. Грчкиот премиер ја потврдил оваа информација.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...