Инвазивните видови нанесуваат големи во Европа

Loading...

Животинските и растителни видови кои во Европа се „доселиле” од другите континенти претставуваат поголема закана за здравјето и околината отколку што досега се сметаше и штетите што ги предизвикуваат се мерат со милијарди евра годишно се наведува во истражувањето чиишто резултати во четвртокот ги објави Европската агенција за околина (EEA).

 Повеќе од десет илјади животински видови од другите делови на светот се одомаќиниле во Европа, од тигрестиот комарец до северноамериканската амброзија и барем 1.500 од ни се штетни, се наведува во споменатиот извештај.
„Во многу области екосистемите се загрозени од загадувањето и климатските промени. ‘Инвазиите' на странските видови претставуваат растечки притисок врз природата и многу е тешко да се бори со нив” вели директорката на ЕЕА, Жаклин Мекглејд.
Се проценува дека новите видови кои напливуваат во Европа, вклучувајќи го и африканскиот папагал тигрица или амазонскиот зумбул, ја чинат Европа најмалку 12 милијарди евра годишно.
„Таа сума претставува конзервативна процена”, вели авторот на извештајот Пјеро Џеновези од италијанскиот институт за заштита и истражување на околината додавајќи дека не е опфатено влијанието на многу видови, како на пример, „алгата убиец” caulerpe во Медитеранот.
„Проблемот експлодираше изминатите сто години”, вели Џеновези и предупредува дека сѐ повеќето патувања, трговијата и климатските помени ќе ја влошат ситуацијата.
„Инвазивните видови претставуваат поголема опасност за биодиверзитетот, човековото здравје и економијата, отколку што претходно се мислеше”, порачуваат од ЕЕА.
Оттаму, агенцијата повика повеќе внимание да се посвети на спречувањето на доселувањето на непосакуваните видови и подобриот систем на рано предупредување за да се издвојат поопасните видови.
Меѓу „натрапниците” е, на пример, тигрестиот комарец кој ја пренесува денга треската и е поврзан со избувнувањето на епидемијата во Италија во 2007 година. Благодарејќи на климатските промени, овој африкански доселеник има шанси да се шири по целиот континент.
Амброзијата, пак, се шири кон северот од Европа, благодарејќи на сѐ потоплите услови и ги зголемува за 10 до 20 отсто проблемите на оние кои имаат проблеми со алергиите.
Агенцијата ЕЕА ги наведува и примерите и „иселување” од Европа, па така Австралија е преплавена со европски зајаци.
Некои видови се намерно е доведена во Европа, па побегнале од затворените услови и потоа се размножиле, како на пример северноамериканската куна или азискиот рододендрон.
Додека, пак, дури се случајно доведени, како слатководните зебрести дагњи кои дошле со бродовите од Црно Море во XIX век и денес ги затнуваат цевки во електричните централи и во фабриките.
Макфакс
Животинските и растителни видови кои во Европа се „доселиле” од другите континенти претставуваат поголема закана

loading...