Инвеститорите внимателни, индексите на Волстрти непроменети

Loading...

По седумдневен непрекинат раст, во вторникот на Волстрит се тргуваше внимателно, при што индексот S&P 500 благо падна, а Dow Jones со скромна добивка достигна ново највисоко ниво во историјата, шести ден по ред.

Dow Jones зајакна за 0,02 отсто, на 14.450 поени, S&P 500 ослабна за 0,24 отсто, на 1.552 поени, а Nasdaq се намали за 0,32 отсто, на 3.242 поени.Благодарение на показателите за забрзување на анемичниот раст на американската економија и квантитативното олабавување на монетарната политика на Фед, од почетокот на годината индексот Dow Jones порасна за 10,3, а S&P 500 за 8,9 отсто.Но, во последните денови успонот на цените е забавен бидејќи нема вести кои значително би ги поттикнале берзите. Покрај тоа, инвеститорите стравуваат од надолни корекции бидејќи не се сигурни дали толку силниот раст на цените на акциите е одржлив.„Се чини дека по силниот скок на цените од почетокот на годината, купувачите се помалку исцрпени. Со оглед на рекордните нивоа на индексите, се очекуваат надолни корекции, па инвеститорите полека се повлекуваат од берзите“, вели Марк Лушини, стратег во компанијата Janney Montgomery Scott.На внимателност на берзите укажува и тенкиот обем на тргување. Вчера беа истргувани 5,8 милијарди акции, а просечниот дневен обем изнесува 6,45 милијарди.
Макфакс
По седумдневен непрекинат раст, во вторникот на Волстрит се тргуваше внимателно, при што индек

loading...