Инвеститорите на Волстрит претпазливи, индексите стагнираа

Loading...

Во четвртокот на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи по двата дена силен раст на цените на акциите, инвеститорите не пронајдоа нови причини за купувања.

 Така, индексот Dow Jones ослаби за 0,15 отсто, на 14.054 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,09 проценти, на 1.514 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,07 отсто, на 3.160 индексни поени.
Индексите Dow Jones и S&P 500 се движат на најниските нивоа во повеќе од последните пет години и недалеку од рекордните дијапазони од 2007 година, па оттаму и претпазливоста кај инвеститорите.
Уште повеќе затоа што американското стопанство не е баш во најдобрата форма. Иако, во четвртокот беше објавена втората процена којашто покажува дека во последниот квартал од минатата 2012 година бруто домашниот производ (БДП) пораснал а не паднал за 0,1 отсто, како што покажуваше првата процена. Меѓутоа, растот од слабите 0,1 отсто, не предизвика еуфорија на пазарите.
Податоците од почетокот на годината укажуваат, според економските аналитичари, дека растот на економијата сепак е забрзан, меѓутоа и натаму не е импресивен.
Воздржаноста на инвеститорите е и последица на неуспешните преговори во Вашингтон за избегнувањето на автоматското намалување на буџетските расходи на почетокот од март. Американскиот претседател Барак Обама и претставниците на републиканците ќе ги продолжат преговорите за селективното намалување на расходите, бидејќи автоматското би можело да и' наштети на економијата Меѓутоа, не се очекува многу од овие преговори.
По скокот на цените на акциите во јануари за повеќе од 5 отсто, во февруари индексот Dow Jones зајакна за 1,4 отсто, додека индексот S&P 500 во истиот месец забележа раст од 1,1 отсто, а индексот Nasdaq се зголеми за 0,6 отсто.
Макфакс
Во четвртокот на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи по двата дена силен раст на цените на акциите, инвеститорите не п

loading...