Индијка на 74 години роди близнаци

Жена од Индија која тврди дека има 73 години по пат на царски рез роди близнаци, потврдија лекарите кои оцениле дека станува збор „медицинско чудо и достигнување на модерната медицина“.
Ерамати Мангајама забременила со вонтелесно оплодување, бидејќи по 57 години брак со сега-80-годишниот Ситарам Раџара, таа не можела да биде бремена.
Тим од 10 лекари се грижел за бременоста и породувањето на Индијката, која според официјалните документи е родена на 1 јули 1946 година и во моментов е најстарата родилка во светот.
„Тоа е медицинско чудо и достигнување на модерната медицина. Исто така, ин-витро концепцијата (ИВФ) не зависи само од науката, важна е и милоста на Бога“, рече главниот медицински директор Умашанкар Санакајала.


Тој додава дека мајката и бебињата се добри.
„Јас сум многу среќен. Бог ги слушна нашите молитви“, рекла 73-годишната мајка.
Според локалните медиуми, таа се решила на вонтелесно оплодување откако нејзината сосетка се породила на 55-годишна возраст.
Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Loading...