Интуитивна исхрана – Можеме ли да го јадеме она што го сакаме и да слабееме?

Loading...

Интуитивно јадење е пристап кон исхраната кој нè враќа во нашите корени, се обидува да ги идентификува специфичните потреби на нашето тело за одредена храна и, на крај, да создаде поздрава врска со храната.
Имено, сите ние сме родени со интуиција за храна. Како што старееме, наидуваме на сè повеќе забрани и спротивставени информации. Постојат и одредени трендови во исхраната, но реалноста е дека секое тело бара друга храна и едноставно е невозможно една диета да одговара на сите.
Како што старееме, сè повеќе се соочуваме со многу животни предизвици, а честопати заради тага, депресија или само досада, посегнуваме по храна без да чувствуваме вистински физички глад.
Интуитивната исхрана се обидува да го смени тоа.
Заборавете на диети


Ниту една диета не може да биде одржлива на долг рок. Ако сте пробале десетици диети, тогаш сте свесни за јо-јо ефектот, односно враќање на килограмите.
Целата поента на интуитивната исхрана е да препознаете кога сте навистина гладни. Истовремено, треба да вклучите и најмалку три оброци на ден, кои треба да бидат богати со растителни влакна, здрави јаглехидрати, здрави масти и протеини.
Јадењето кога сте тажни, депресивни или чувствувате друга негативна емоција, треба да се избегнува, бидејќи се работи за емотивен глад.
Не си поставувајте никакви забрани
Се разбира, не е секогаш можно да се јаде само најздрава храна, но тоа не значи дека треба да се чувствувате лошо поради тоа.
Коцка чоколадо, тестенини со крем сос или палачинка, ако се консумираат во умерени количини, нема да му наштетат на вашето здравје.


Престанете со јадење кога сте сити
Подеднакво е важно внимателно да го слушате вашето тело и да препознаете кога навистина сте сити. Дали тоа значи дека мора да застанете на половина изедена порција? Нека биде така.
Со текот на времето ќе научите да подготвувате помали порции од вообичаеното.
Научете како да уживате во храната
Во јапонската култура за јадење, не е важна само хранливата вредност и изгледот на храната што се служи, туку и уживањето во процесот на јадење.
За ова да биде можно во нашите животи, треба да јадеме храна во која навистина уживаме.

loading...