Има или нема? Потврдена е инфлација од 4.3% во споредба со лани!

Државниот завод за статистика го потврди она на кое веќе подолг период се жалат граѓаните – повторен раст на цените. Во ноември, во однос на октомври, трошоците за живот се зголемиле за еден процент. На годишно ниво, пак, инфлацијата е дури 4,3 проценти!

„Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1%, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5%, ресторани и хотели за 0,8%, облека и обувки, здравје за 0,2%, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1%. Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0,9%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3%, разновидни стоки и услуги за 0,1%“, извести ДЗС.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.