Ин Мемориам: Благој Стефановски – Баге

Loading...

Како што е известено поради компликации од КОРОНА ВИРУСИТ денес во Битола, на 67 годишна возраст почина Благој Стефановски – Баге, поранешниот министер за култура, пратеник од Битола во Собранието на Македонија, директор на битолскиот театар и актер во пензија, претседател на ракометниот клуб Пелистер, претседател на фестивалот, “Браќа Манаки“, основач на малиот театар во Битола…

Стефановски, дипломиран актер, роден во Битола на 7 март 1953 година, од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар, бил претседател и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.

Еден мандат од 1994 до 1998 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 беше и министер за култура.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...