ИПИС истражување за состојбите со Корона вирусот, граѓаните не се задоволни како се справува државата

Loading...

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување
во периодот помеѓу 2 и 5 Јуни 2020 на 1100 полнолетни испитаници на ниво на Република
Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за состојбите со
Корона вирусот.
Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран
непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше
стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република
Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова
структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна
поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа
што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Се забележува драматична промена за два месеци. Граѓаните очигледно не се задоволни од тоа како се справува државата со КОРОНА ВИРУСОТ.

Сметаат дека другите држави од регионот подобро се справиле со вирусот од нас. И сметаат дека сега не е време за избори.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...