Ирански функционер убиен во Сирија

Loading...

Сириските бунтовници убиле функционер на иранската Револуционерна гарда задолжен за помош во обновувањето на Либан, објавија во четвртокот иранските власти.Информацијата за убиството на високиот ирански функционер за Reuters ја потврдил и командант на сириските бунтовници, кој рекол дека нападот го извеле бунтовниците во близина на сирискиот град Забаданија, неколку километри од границата со Либан.Иранската амбасада во Либан соопшти дека Хесам Хош Новејис е убиен во напад на „вооружени терористички групи“ на автопатот кон Либан, додека се враќал од Дамаск во Бејрут.„Амбасадата со жалење соопштува дека претседателот на Иранскиот комитет за обнова на Либан, Хисам Хош Новејис загина на патот од Дамаск за Бејрут од рацете на терористичка група“, се наведува во соопштението што иранската амбасада во Бејрут го проследи до локалните медиуми.Новејис, еден од челниците на иранската агенција којашто помага во обновувањето на од војната со Израел од 2006 година разорен Либан, во Сирија престојувал поради договарање за обновување на вториот по големина град Алепо на северот од земјата, потенцираа иранските власти.Според панарапската сателитска телевизија Al Jazeera, Новејис кој бил претставник во Либан на Исламската револуционерна гарда, бил убиен набргу откако го напуштил меѓународниот аеродром во Дамаск со автомобил во кој заедно со него бил непознат сопатник, исто така, Иранец, кој исто така е убиен во нападот .Претходно Associated Press повикувајќи се на иранските медиуми, јави дека во Либан е убиен генералот на Исламската револуционерна гарда, генералот Хасан Шатери, кој командувал со силите на Гардата во Либан.Исламската револуционерна гарда, формирана во април 1979 година од паравоените исламски револуционерни комитети, поддржувачи на иранскиот шиитски ајатолах Хомеини, врховниот лидер на Иран, му е потчинета на Врховниот лидер на Иран. Гардата се состои од заедничкиот штаб, копнени, воздушни и поморски сили. Во нејзиниот состав влегуваат и специјалните единици „Кодс“ и милицијата „Басиџ“.
МакфаксСириските бунтовници убиле функционер на иранската Револуционерна гарда задолжен за помош во обновувањето на Либ

loading...