Иран поставува нови центрифуги за да ја забрза нуклеарната програма

Loading...

Иран почнал да ги инсталира напредни центрифуги во својата главна постројка за збогатување ураниум, се наведува во извештајот на Обединетите нации, што најверојатно ќе го предизвика бесот кај светските сили пред продолжувањето на преговорите со Техеран следната седмица.

 Во доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) од четвртокот, на коешто се повикува Reuters, се наведува дека во постројките во близина на градот Натанз се поставуваат 190 ткн IR-2m центрифуги. Центрифугите сѐ уште не се оперативни, се додава во извештајот
Доколку тие бидат успешно ставени во погон, според експертите, тие постројки би му овозможиле на Иран значително да го забрза акумулирањето на материјалот за кој западните сили стравуваат дека може да биде искористен за прозиводство на нукеларно оружје.
Поставувањето на новите центрифуги го истакнува упорното одбивање на Иран да попушти пред притисоците на западните земји да ја ограничи својата нуклеарна програма и би можел дополнителни да ги отежни напорите спорот меѓу Техеран и меѓународната заедница да се реши преку дипломатски пат.
Претставниците н а шесте светски сили и Иран треба првпат по осум месеци да се сретнат во Казахстан на 26-ти февруари за да се обидат да го прекинат застојот во разговорите, меѓутоа аналитичарите не очекуваат каков и да е вистински напредок во отстранувањето на сомнежите дека Техеран сака да дојде до нуклеарно оружје.
Макфакс
Иран почнал да ги инсталира напредни центрифуги во својата главна постројка за збогатување ураниум, се наведува во извештајот на Обединетите нации,

loading...