Иран ја отфрли американската понуда за билатерален дијалог

Loading...

Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи ја отфрли во четвртокот понудата на САД за започнување билатерални разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма поради што на земјата и' се наметнати строги економски санкции, пренесуваат агенциите.

 „Вие (Американците) сакате да разговарате под закана со оружје насочено кон Иран. Со таквиот начин нема да го заплашите иранскиот народ”, изјавил ајатолахот Али Хамнеи пред командата на военото воздухопловство на Иран, пренесува AFP повикувајќи се на локалните медиуми.
САД во средата го потврдија активирањето на новите санкции против Иран, неколку дена по „сериозната понуда” на американскиот потпретседател Џозеф Бајден до Иран за започнување директни преговори со шесте светски сили, САД, Русија, Кина, Германија, Франција и Велика Британија.
„Има такви коишто се радуваат на таквата понуда, но тие преговори нема ништо да решат”, рекол Хамнеи чии ставови имаат голема тежина во Исламската Република, вклучително и во прашањата од нуклеарната програма и дипломатијата.
Инаку по повеќемесечни застои, Иран и шесте светски сили се договорија да ги продолжат преговорите на 26-ти февруари во Казахстан.
Makфакс
Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи ја отфрли во четвртокот понудата на САД за започнување билатерални раз

loading...
Loading...