Ирина и Бредли со лекција за мода: Згодните ѕвезди во црни костуми

Ирина Шајк и Бредли Купер го разубавија црвениот тепих по повод доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности.
За церемонијата во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон, славниот пар избра црни костуми.
Убавата Русинка го придружуваше Купер, чиј филм „A Star Is Born“ беше номиниран во седум категории.


44-годишниот актер и режисер ја прими наградата за Најдобра оригинална музика и во својот говор им се заблагодари на Лејди Гага и Ирина.
„Си остварив сон кој мислев дека е неостварлив. Ја делам оваа награда со Лејди Гага, музиката беше срцето на овој филм. Исто така, сакам да ѝ се заблагодарам на Ирина што цела година ме трпеше додека се обидував да создавам музика во нашата визба“ – рече тој.

Loading...