ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДОТ ВО КАБУЛ: 25 лица загинаа, а повеќе од 33 се повредени во експлозија во близина на руската амбасада

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад во понеделникот во Кабул.

Експлозијата се случи недалеку од влезот на руската амбасада во авганистанската престолнина, при што загинаа 25 лица, меѓу кои и двајца вработени во амбасадата.

ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДОТ ВО КАБУЛ: 25 лица загинаа, а повеќе од 33 се повредени во експлозија во близина на руската амбасада\ИЛУСТРАЦИЈА: ИСИС

Терористичката група тврдеше дека нападот го извршил странски борец.

Според некои информации, нападот го извршил локалниот огранок на Исламската држава, ИСИС-К.

Тоа е прв напад врз дипломатска мисија во Авганистан за кој одговорноста ја презема Исламска држава откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година.

Претходно рускиот истражен комитет потврди дека во експлозијата загинале помошник секретар и чувар – и двајцата се руски државјани.

Според медиумите, повеќето од жртвите се Авганистанци кои чекале ред за визи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека безбедноста во мисијата била засилена по нападот.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.