Исповед на проститутка: Ја сакаат влијателни луѓе, а таа сака да се венча за својот макро

Оваа проститутка тврди дека тој е добра личност. Таа била позната посетителка на хотел на Менхетен и тврди дека и покрај сè го сака својот макро.
Проститутката на суд во Њујорк потврдила дека некои од нејзините клиенти биле полицајци, адвокати и судии.
Иако на нејзиниот макро му се суди, и покрај тоа што наводно ја држел затворена и ја злоставувал, таа сепак тврди дека го сака.
Енкарнацион (22) рекла дека прави што ќе посака и дека нејзиниот макро Кармик Грант – Бијас, попознат како Мајкл Блу “не е создаден за слаби к*чки“.


„Редовните муштерии можеа да ми платата со Pay-Pal“ – раскажала таа.
Таа се надева дека еден ден ќе се омажи за Мајкл Блу и изјавила дека никогаш не ја присилувал да спие со мажи тврдејќи дека таа била таа која што ги држела работите под контрола.
Убедена е дека нејзиниот макро ја сака, а смета дека тоа го докажал кога пред три години платил половина од нејзините пластични операции кои чинеле 17.500 долари.
Таа смета дека тој не е пропаднат човек туку добра личност, иако постојат докази дека физички ја злоставувал, во текот на сведочењето изјавила дека не се сеќава на ништо такво

Loading...