Историски рекорд на гледаност на новиот спот на Psy

Новиот видеоспот на јужнокорејскиот музичар Psy ги надмина сите рекорди на гледаност на интернет ресурсот за размена на видео материјали YouTube за помалку од два дена од неговото објавување, но се уште е рано да се зборува дали ќе го надмине спотот за хитот „Gangnam Style” кој забележи од декември 2012 година вкупно повеќе од 1,5 милијарди гледања.

Новиот хит на Psy, со наслов „Gentleman” бил отворен во понеделник претпладне 52,98 милиони пати, помалку од 48 часа откако беше поставен на интернет.
 Во новиот спот, до минатата година само јужнокорејската ѕвезда којашто со „Gangnam Style” се стекна со планетарна слава, со заоблени очила со бели рамки, е џентлмен кој се обидува да ги шармира младите жени во спортски клубови, луксузни продавници и ресторани, со шеги со сомнителен вкус.
 Во првите 24 часа спотот бил погледан 20 милиони пати, со што го надмина рекордот на канадската тинејџерска ѕвезда Џастин Бибед постигнат со спотот за хитот „Boyfriend” кој во мај 2012 година во првите 24 часа беше прегледан осум милиони пати.
Макфакс
Новиот видеоспот на јужнокорејскиот музичар Psy ги надмина сите рекорди на гледаност на интернет ресурсот за размена н

Loading...