Истрага во Франција за штетноста на електронските цигари

Loading...

Француската министерка за здравство Маризол Турен побара истрага за евентуалните последици од користењето на електронските цигари, коишто сè повеќе пушачи ги користат наместо цигарите со тутун.

„Побарав од моите служби прецизно да ми наведат за каков вид на производ станува збор. Дали може да го сметаме за производ за широка потрошувачка? Дали е тоа медицински препарат? Какви се карактеристиките на тој производ?“, изјавила Турен.
 Потсетувајќи дека употребата на електронските цигари е се пораширена и дека во Франција ја користат стотици илјади луѓе, таа нагласи дека е неопходна внимателност и процена на предностите и евентуалната штетност на овој производ, јавува весникот Фигаро. 
 Електронската цигара изгледа исто како обичната цигара, но наместо чад испушта водена пареа. 
 Вовлекувајќи го „чадот“ од електронската цигара, пушачот внесува во белите дробови и материи како пропилен гликол или растителен глицерин, вештачки ароми и често никотин.
 Сè уште не се изработени научни студии за евентуална долгорочна токсичност на електронската цигара, лекарите се резервирани предупредувајќи ги пушачите кои ја употребуваат дека не може полесно да го остават тутунот ако само една зависност ја заменат со некоја друга.
 Во мај 2011, француската Агенција за санитарна безбедност и здравствени производи препорача да не се користи електронската цигара бидејќи во помала или поголема количина содржи никотин кој може да има сериозни последици по здравјето.
 Според податоците на произведувачот, електронската цигара во Франција ја користат околу половина милион луѓе.
Макфакс
Француската министерка за здравство Маризол Турен побара истрага за евентуалните последици од користењето на електронс

loading...