Истражување: Европјаните сметаат дека е побитно да има мир во Украина отколку нејзиниот интегритет.

Истражување: Мирот во Украина е поважен од територијалниот интегритет на државата.

Студијата на Европскиот совет за надворешни односи, во која учествуваа 8.000 луѓе од десет европски земји, покажа дека мнозинството верува дека мирот во Украина е поважен од територијалниот интегритет на земјата.

Тоа беше позицијата на огромно мнозинство во Италија, каде што 52 отсто од испитаниците рекоа дека мирот е поважен, во споредба со 16 отсто од оние кои претпочитаат територијален интегритет.

Речиси идентичен став имаа и Германците, каде 49 отсто приоритет му дале на мирот, а 19 отсто на територијалниот интегритет, објави Слободна Европа.

Во Романија соодносот бил 42-23 отсто, во Франција 41-20, во Шведска 38-22, во Шпанија 35-15, во Португалија 31-21, во Финска 26-25 и во Велика Британија 22-21 отсто.

Исклучок беше Полска, каде 41 отсто од испитаниците сметаат дека територијалниот интегритет на земјата е поважен, наспроти 16 отсто кои претпочитаат мир.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.