Истражување за привлечноста: Зошто жените сакаат мажи со брада?

Жените ги сметаат мажите со брада за помажествени и за сериозни личности, па голема е веројатноста дека би одбрале таков, доколку бараат стабилна врска, покажува ново истражување на Универзитетот на Квинсленд.
Причината за тоа е фактот што жените природно ги привлекуваат одликите на машкост. Со други зборови, таквиот изглед на жената ѝ дава впечаток на зрелост, па со таков човек таа се чувствува посигурна и позаштитена.
Покрај брадата, други карактеристики што го прават мажот попривлечен, се длабокиот глас и истакнатата вилица, коишто, исто така, се признаци на високо ниво на тестостерон.

Loading...