Исфрлете ги токсините и песокот од бубрезите за 3 дена: Напиток од семки од лубеница кој проверено делува

Loading...

Речиси сите ги фрламе семките од лубеница, а не сме ни свесни колкава лековита моќ поседуваат тие.
За да ги искористите сите лековити својства, семките треба да ги сварите, сомелете или испечете за да стигнете до драгоцената содржина.
Семките од лубеница содржат диететски влакна кои се неопходни за нормална работа на дигестивниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити како и во лекување на заболени од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.
Во семките се наоѓа неверојатна содржина на здрави состојки. Тие изобилуваат со силниот антиоксиданс наречен ликопен, витамините Б5 и Б6, есенцијални аминокиселини како и бакар, магнезиум, цинк и железо.


Благодарение на својот единствен состав, семките од лубеница му помагаат на телото да се ослободи од токсините, подобрувајќи го здравјето на бубрезите. Тие го чуваат кардиоваскуларниот и нервниот систем и го подобруваат метаболизмот и имунитетот.
Едгар Кејси, кој починал во далечната 1945 година, го посветил целиот свој живот на истражување на билни препарати. Тој им го препорачувал чајот од семки од лубеница на лицата кои имале бубрежни проблеми.
Чајот од семки е одличен диуретик и им се препорачува на пациентите кои треба да елиминираат камења и песок од бубрезите и уринарниот тракт.
Еве како се приготвува овој чај:
Се користат 4 лажици исклучиво свежи семки од лубеница, кои се дробат или сечкаат во блендер и се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина треба да ја распоредите и да ја испиете во рок од два дена, а третиот ден се прави пауза.
Овој процес се продолжува неколку недели во истите интервали –два дена користење со еден ден пауза. Уште по првиот циклус од 3 дена ќе се чувствувате подобро, а наталожените токсини ќе исчезнат. За отстранување песок од бубрезите, треба да повторите неколку циклуси.

loading...