Исхрана според крвна група – што да јадете, што да избегнувате?

Loading...

Правилниот начин на исхрана е важен за здрав и долг живот, а докторот Петер Д’Адамо тврди дека треба да ги бирате намирниците според вашата крвна група. Правилната исхрана ќе ви помогне да ослабнете, но важно е да знаете кои намирници може да ги консумирате.
0 крвна група
Треба да внесувате протеини, месо со мал процент на масленост, млечни производи, риба, зеленчук, печурки. За слабеење најдобри се морските плодови, црвено месо, брокула, спанаќ и маслиново масло. Треба да избегнувате пченица, млечни производи и пченка.
А крвна група
Треба да избегнувате месо и да бирате вегетаријанска исхрана со многу печурки, овошје и зеленчук и интегрални житарки. За слабеење се најдобри морски плодови, ананас, зеленчук, маслиново масло и соја, но треба да избегнувате млечни производи, пченица, грав.


Б крвна група
Избегнувајте домати, кикирики, домати и сусам. Пилешкото месо е исто така лош избор. Јадете зелен лиснат зеленчук, јајца, црвено месо и млечни производи. За слабеење треба да јадете зелен лиснат зеленчук, јајца, а да избегнувате пилешко и пченица.
АБ крвна група
Треба да јадете тофу, морски плодови, млечни производи и зелен лиснат зеленчук за да немате киселина. Избегнувајте кофеин, алкохол и сувомеснати производи. За слабеење треба да јадете зелен лиснат зеленчук, а да избегнувате пилешко, хељда и пченка.

loading...
Loading...