Исчезната велешанка пронајдена во провалија

Loading...

Исчезната велешанка пронајдена во провалија. Веќе објавивме дека се трага по велешанката Александра Скорниева(29).

Твитер: Исчезната е Александра Скорниева од Велес, 29 г. Домот го напуштила во 8:15 утрово

Портпаролот на ЈЗУ Општа болница, каде што сега се наоѓа таа, д-р Весна Неделковска Николова изјави: во стабилна состојба е и вон животна опасност, но по направената компјутерска томографија доцна  попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото.

Александра Скорниева исчезна вчера, кога во 8:15 минути го напуштила својот дом. Граѓани кои самоиницијативно организирале групи за потрага на исчезнатата Скорниева ја пронајдоа утрово во провалија под мостот на браната на велешкото езеро Младост.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...