Исчезна лекарот што го лекуваше Навални во Русија

Лекар од Сибир, кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални откако му се слоши минатата година во Русија, исчезна, соопшти руската полиција.
Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, изјави дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловната база во шума со своето теренско возило и дека од тогаш не е виден, објави „Ројтерс“.
Наводно, во потрагата се вклучиле службите за итни случаи, беспилотни летала, хеликоптер и волонтери на терен.
Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде што се лекуваше Навални.
Потоа беше унапреден во регионален министер за здравство.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.